Наставни единици од оваа тема се:
1.Вовед во темата
2.Ученикот како потрошувач
3.Права и обврски информирани потрошувачи
4.Изгoтвување и управување со личен буџет
5.Што е приход,расход и заштеда?
6.Определување на приоритети во трошење
7.ДЕКЛАРАЦИЈА-лична карта на производот
8.Фискална сметка -корисничка услуга и значење
9.Права и обврски на потрошувачите
10.РЕКЛАМА- позитивна и негативна
11.МАРКЕТИНГ- презентација на одредени производи
12.Систематизација на темата
Вовед во темата
Информираноста и едукацијата на потрошувачите е особено важен дел од нивната севкупнат едукација.
Потрошувачката едукација има за цел да ги развие знаењата, сфаќањата, вештините и способностите, што се неопходни заживеење во потрошувачко општество и подразбира прифаќање на одговорност, којашто низ
образовниот процес се вградува и негува. Едукацијата овозможува правилно толкување на потрошувачките информации и дава можност да се направи одговорен потрошувачки избор преку запознавање на потрошувачите со нивните права и обврски. Особено важно низ процесот на едукација е потрошувачите да развијат способности за барање совет кога е потребно, поднесување жалби и ефикасно решавање на
евентуалните проблеми. Со потрошувачката едукација, исто така, се развиваат и способностите за
правилно водење на семејниот буџет, како и умешноста за осознавање на социјалното и на економското влијание од донесената потрошувачка одлука. Ова е исклучително важно бидејќи се поклопува со глобалната цел во потрошувачката едукација, а тоа е: од знаење – до акција. Потрошувачката едукација има за цел создавање компетентен, самоуверен, активен потрошувач, кој размислува и одлучува во поширок контекст. Тоа придонесува во развојот на политичката култура, демократизацијата на општеството и развојот на граѓанското општество. Од тие причини оваа едукација треба да се разбере како еден долготраен и комплексен процес.

Секој потрошувач има право на заштита.
Заштитата на потрошувачите се состои во
1 Закон за заштита на потрошувачите
2 Органи кои ги штитат правата на потрошувачите(организации и институции создадени да се обезбеди правото на потрошувачите, како и правото на фер тргување, конкуренција и пласирање точни информации на пазарот.)
2.1 Министерство за економија
2.2 Државен пазарен инспекторат
2.3 Државен инспекторат за техничка инспекција
2.4 Државен санитарен и здравствен инспекторат
2.5 Биро за лекови
2.6 Државен инспекторат за животна средина
2.7 Министерство за финансии
2.8 Агенција за електронски комуникации
2.9 Агенција за храна и ветеринарство
2.10 Агенција за пошти
2.11 Дирекција за заштита на личните податоци
2.12 Регулаторна комисија за енергетика
2.13 Комисија за заштита на конкуренцијата
2.14 Народен правобранител
2.15 Совет за заштита на потрошувачите
2.16 Граѓански здруженија за заштита на потрошувачите
ШТО Е ТОА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ?
Правната и институционалната заштита на потрошувачите претставува една од важните компоненти на економскиот развој. Политиката за заштита на потрошувачите во Република Македонија е препознаена уште со првиот Закон за заштита напотрошувачите од 2000 година, но со Законот од 2004 година, кој е повеќе пати менуван и дополнуван, оваа политика добива хоризонтална димензија, односно опфаќа голем број министерства, државни и јавни институции и здруженија на граѓани. Политиката за заштита на потрошувачите која во голем дел се спроведува преку соодветна правна регулатива и програми на национално и на локално ниво,претставува механизам за унапредување на конкуренцијата и за остварување на
подобар квалитет во секојдневното живеење на граѓаните.
КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ?
• Државата со нејзините органи и тела
• Независните регулаторни институции на јавниот сектор
• Единиците на локалната самоуправа
• Граѓанските здруженија
ОПМ Е ГРАЃАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ (www.opm.org.mk)
ОПМ(Организација на потрошувачите во Македонија) постои заради заштита на потрошувачите во остварувањето на нивните основни права, како што се:
- Достапност на најнужните производи и услуги;
- Безбедни и квалитетни производи и услуги;
- Вистинити и навремени информации и едукација на потрошувачите, заради правилен избор на производи и услуги;
- Надомест на штета кога правата на потрошувачите се повредени;
- Здрава животна средина и одржлива потрошувачка.