Час 2.Текстилни влакна и нивно потекло(природни и вештачки).
Текстилни влакна/текстил - приспособлив/флексибилен материјал составен од мрежа на природни или вештачки влакна/конци. Текстилните влакна може да бидат:
Природни
Растителни: Памук - род на билка од фамилијата слез; Лен - едногодисна зелеста билка со краток вретенаст корен; Коноп - мека, светкава билка од која се прават долги испреплетени нишки.
Животински: Волна се добива од влакната на домашни животни, во влакното на овчата волна има состојка (масло) познато како ланолин, кое го прави влакното отпорно на вода и прашина; Кашмир се добива од влакната од посебен вид на индиска коза која има многу меко влакно; Ангора се добива од долгите, тенки и меки влакна на ангорскиот зајак; Свила се добива од влакната на кожурецот на кинеската свилена буба, се одликува со светкавост и нежност.
Вештачки
Синтетички- современи видови на влакна, добиени по вештачки пат; Полиестер- се користи сам или во комбинација со памук; Акрилник - имитација на влакно на волна; Најлон - имитација на влакно на свила; Ликра - лесно растегливо влакно.

Час 3.Симболи за облекување на различни видови на текстилни суровини на етикетата и облеката
Час 4.Плетење и техники на плетење
Плетењето е метод со кој конецот или предивото се претвара во облека или други мајсторски изработки. Сплетениот материјал се состои од последователни редици од врзувања наречени котелци. Како што се нижат редовите , ново врзување се провнува врз постоечкото . Активните котелци се држат на игла се додека друго врзување не помине низ нив. Со овој процес се добива ткаенина која често се користи за облека.
Плетењето може да се реализира рачно или машински. Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типа на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали: Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина и / или целокупност. Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот , составот и растегливоста.

Час 5 и 6. Плетење шалче
Час 7. Ткаење
Разбојот - справа (машина) која служи за ткаење на платна, јамболии и килими и е една од најбитните справи во историјата. Разбојот исто така е една од наједноставните справи која е конструирана. Првичните разбои биле целосно изработени од дрво и сите операции на нив се вршеле рачно. На принципот на кој работи стариот разбој, работат и големите фабрички машини за ткаење кои произведуваат илјадници метри материјал
Еве како ти можеш да ткаеш на рачно разбојче!
Час 8 . Модни трендови и модна индустрија
Час 9.Стилови на облекување -мојот личен стил
Час 10. Мојот плакар – делови на облека според нивна намена и потреба
Час 11.Како ја одбирам мојата облека?
Час 12.Грижа и одржување на облеката и обувките
Час 13 Начини на изработка на облека рачна и машинска ИКТ
Час 14 Традиционални и современи начини на изработка на облека ИКТ
Изработка на македонска народна носија-
традиционален начин на изработка на облека во Македонија
Од Википедија — слободната енциклопедија
традиционален начин на изработка на облека во Македонија
Од Википедија — слободната енциклопедија
- При изработката на македонските народни носии главото место го имала жената, бидејќи целокупната активност речиси ја имала самата таа почнувајќи од предавањето на суровините, бојосувањето на преѓата, изработката на ткаенините,конструкцијата на кројот, шиењето до украсувањето и китењето. Во оваа насока неспорно важна улога имала и појавата на специјализираните мајстори – терзии, кои главно ги изработувале и украсувалегорните облеки, додека локалните занаетчии – конјунџиите го изработувале накитот. Волната, конопот, ленот, памукот, во помала мера и свилата, обработувани на стар традиционален начин , се основните суровини кои имале голема примена за изработка на носиите. Во најголем дел број случаи горните машките и женските облеки се изработувани од домашна четворно ткаена волнена ткаенина ‘’’клашна’’’ или ’’’шајак’’’, во бела, црна или сура боја – природна боја на волна или од четворно ткаена ткаенина од црвено и темно-сина бојосана преѓа. Во повеќе делови на источна и југоисточна Македонија за изработка на горната облека голема примена имала лито ткаена ригеста волнена ткнаенина '’’алаџа’’’или ’’’антерија’’’. За разлика од горните облеки, долните машки и женски облеки: кошулите и гаќите, главно се изработулаве од домашно ткаено бело конопено, ленено и памучно платно. Воодделни пределски целини овие облеки се изработувани од и од платно чија бела памучна основа е комбинирана со тесни појаси од свилена преѓа – во вид на риги – ‘’’кенари’’’, по што и самото платно е познато како ‘’’кенарлија платно’’’. Поретко, на пример во делови од Пиринска Македонија и Егејска Македонија некои од горните женски облеки – ‘’’саите’’’ се кроеле од домашно ткаено платно во сина боја. Кројот речиси на сите облеки е доста едноставен, условен од ограниченоста на ткаенините ткаени (главно на тесен хоризонтален разбој), во широчина која варира од 38 до 42 см, во ретки случаи и до 48 см. Подреден на ткаенините со вакви димензии истиот е приспособен на анатомијата на човековото тело. Тој е истовремено извонредно рационален, зошто секој дел од ткаенината што се крои е максимално употреблив. Принципот на кроење се состои од подолги или покуси правоаголници или дијагонално кроени правоаголници –‘’’ реборници’’’, ‘’’клинови’’’ или ‘’’бочници’’’ – за странично проширување на облеките. Вовизуелна смисла, речиси сите горни машки и женски обеки без разлика дали се: без ракави, со куси или со долги ракави, или пак, по должина: долги до појасот, под колковите, до колената, до средината на листовите. Во ретки случаи долги до глуждовите, се карактеризираат со нагласена страничност и архитектоника, со определена ритмика и динамика. Конструктивноста и аритектониката се одлика и кај кројот на машките и женските кошули, со таа разлика што машкитесе покуси до колената. На пример, кројот на женските кошули се состои од: правоаглоно парче платно со фиксирана должина, кое предиплено во вид на пончо (долго до глуждовите) го определува предниот дел – ‘’’предните поли’’’ и задниот дел – ‘’’задните поли’’’. Во горниот дел – околу вратот и предниот граден дел платното се откројува или ‘’’грли’’’, за одгрленот вратен дел се крои тесно правоаголно парче ‘’’корил јака’’’, ракавите се секогаш едно цело и едно повина правоаголно парче платно – ‘’’подраче’’’. Кај секојдневните кошули за проширување од обете бочни страни се кројат по најмалку два ребреника, за разлика од невестинските кои можат да имаат двојно повеќе. Со карактеристични кројни елементи посебно се издвојува облеката ‘’’фустан’’’ – вид здолниште, од составот на машките носии, секогаш од бело памучно платно, скроена со голем број клинесто кроени парчиња.